З.Д. (28) од Куманово се самоубил со струја. Момчето си го одзел животот во семејната куќа, во 4.30 часот, додека било само во собата.
Тој си ги завиткал рацете со електричен кабел и потоа го вклучил во штекер. Од здобиените изгореници, починал на самото место. Со возило на Брза помош бил пренесен во Кумановската болница каде што лекарите констатирале смрт.
Случајот во полиција го пријавиле од Брза помош. По извршениот увид на самото место било утврдено дека се работи за самоубиство. Златко Д. подолго време имал здравствени проблеми.