Петок, 17 Февруари 2012 02:35

"Твитер" краде лични податоци од смартфоните, соопшти BBC.
Тоа го открил Сингапурски корисник. Тој утврдил дека "Твитер" и другите социјални мрежи од неговиот смарт фон му ги копираат сите имиња, телефонски броеви и адреси на електронски пошти.
Сајтовите го прават тоа под изговор дека ќе направат врска со можни познати на засегнатото лице во соодветната мрежа. Компаниите не ги бришат податоците, туку ги собираат на своите сервери и може да ги користат за маркетиншки цели или да ги препродаваат на трети лица.
Од "Твитер" ветиле дека грешката ќе бидe поправена.