Во новата верзија од Скајп веќе можеме да правиме видеоразговори со HD резолуција. Новата верзија 5.8 ги остранува некои грешки и ја подобрува стабилноста во работата на програмот. Во бета верзија се и видеоразговорите со корисниците на фејсбук директно без да имаат Скајп. Друга опција групно споделуње на слика од екранот т.е. приказ на некоја апликација, слика итн. Исто така е подобрен и системот за надрградување на Скајп. Да напомениме за видеоразговорите со висока резолуција е потребна HD веб камера.