Вторник, 14 Февруари 2012 21:24

Најпознатиот облакодер во светот "Емпајар Стејт билдин", кој се наоѓа во Њујорк е предложен за продажба.
Вредноста на облакодерот се проценува на 2,5 милијарди долари. Засега никој официјално не е изјавил интерес за купување на облакодерот.
Облакодерот "Емпајар Стејт билдин", кој беше изграден пред 81 година, до 1973 година беше највисоката зграда во светот.
Вработените во "Емпајар Стејт билдин" истакнуваат дека овој облакодер годишно е посетуван од околу 4 милиони туристи.