Сабота, 28 Јануари 2012 22:38
Пресли и Етел Смит умреле во интервал од 4 часа од како претходно проживеале 73 години во брак.
Прв умрел сопругот Преслу во 101 година од животот, а четири часа по него починала и Етел која имала 99 години.
Заради лошото здравје сопругата Етел пред неколку години се преселила во старечки дом, а сопругот Пресли ја посетувал по неколку пати во неделата. Секогаш кога ќе ја посетел тој ја гушкал и и кажувал колку му недостига.
- Ја држеше за рака, ја бакнуваше и и кажуваше колку е осамен без неа - изјавила директорката на домо Шанон Бас која кажала дека одоцна и тој се преселил во домот за стари лица.
- Секогаш беа заедно. Тој знаешепред пријателите да каже: -Ја запознацте ли мојата прекрасна невеста ?- вели Бас.
Една од медицинските сестри во домот нив ги опишала како ''персонификација за зборот љубов''
Парот се венчал во далечната 1938 година во сојузната држава Кентаки, а имале една ќерка.
