fbfunbanner
Посети:: 1068

Нови лекари за подмладување на персоналот во охридската болница

opsta_bolnica_napred
Охридската општа болница има недостаток од стручен кадар.

Просечната возраст на персоналот е 54 години а доколку не се примат нови специјалисти за нешто повеќе од една година одредени одделенија ќе останат без лекари.

Директорот Љубен Арнаудов вели дека повеќе пати писмено го известил министерот за здравство за овој проблем. Сега очекува со новите најави од Министерството за вработувања за 200 лекари да се пополнат одредени работни места.

Во охридската болница потребни биле 15 лекари, но потреба имало и за 32-ца медицински техничари и 13 болничари. Според Арнаудов на состанокот следниот месец во Скопје со министерот за здравство ќе се прецизирало точно колку лекари ќе бидат примени на работа.

- Сега се соочуваме со една закана. Болницата ќе биде една од најсовремените со новата апаратура но за година, година и пол ќе немаме лекари, вели Арнаудов.

Гинеколошкото одделение сега има 4-ца лекари од кој еден пред пензија, еден сакал да работи приватно а за друг пак се водело судска постапка. Во новото одделение кое со реконструкцијата ќе биде  технички најопремено доколку не се вработи нов кадар ќе нема кој да работи, велат од болницата.

- Истиот проблем се јавува и во нервното одделение, на радиологија каде има двајца радиолози од кој еден работи во амбуланта другиот на томографот, а недостаток од кадар има и на урологија, хирургија. Сега е проблем и доколку примиме млади лекари потребна ќе биде специјализација и во секој случај некој вакум ќе настане, вели Арнаудов.

Од болницата сметаат дека ваквата состојба е одраз на лошата кадрова политика од минатото. За навремено вработување на лекари не се водело сметка години наназад па сега општата болница во Охрид останала со најстар персонал во Македонија.

Супер радио /  www.OhridPress.com

Tags:

Реклама

ohrid1-maturski-maj-2012
ljotebaner
premier
digitalfotovesna
banerviasacra
banerpandonos
vinoteka
akvariusbaner
pecatnica-kosta
alta-centar
banerohridinfo
banerstanovi
streedmedia
fitform
________________________________
       
         ШОТОКАН КАРАТЕ КЛУБ
           БЕЗБЕДНОСТ МИНТА
       УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ
              ТЕЛ: 075 211 953
________________________________