Петок, 27 Јануари 2012 17:12

Астероид со големина на автобус денес треба да помине многу блиску до Земјат. Тој бил забележан од астрономите само пред два дена, пренесе Би Би Си. Небесното тело е со должина од околу 20 метри и треба да се доближи на околу 30 000 километри до Земјата. Вселенската карпа е околу 36 фита (11 метри) широк, што претставува мала закана за Земјата.
“Астероидот нема да и наштети на нашата атмосфера, дури и ако се осмели да проба“ велат научниците од Asteroid Watch - лабараторијата за млазни мотори на НАСА во Песадена, Калифорнија.
Американските научници велат дека астероидот нема д навлезе во земјината атмосфера, но и ако би се случило тоа, тој ќе согори во атмосферата.