Calendar Date

Feb
08
2010
Today
croatia_osiguruvanje.jpg
ПОТОНА БРОДОТ ИЛИНДЕН-15 МРТВИ Е-пошта
Оцена од корисниците: / 19
ЛошоНајдобро 
5.09.2009.
Последно освежување ( 6.09.2009. )
 

Прегледи : 3006



 

brod-ilinden.jpg

 ПУКНАТА САЈЛА ПРИЧИНА ЗА НЕСРЕЌАТА

 Пукната сајла се смета за најверојатна причина заради која потонал 70 години стариот брод Илинден. Ова, како најверојатна причина за несреќата го посочија стручните екипи кои ги испитуваа причините поради кои дојде до несреќата по која потона бродот “Илинден“ со кој се превезуваа педесетина туристи од Бугарија.

Бродот, балансот го одржувал со помош на метални сајли. Се претпоставува дека едната од саjлите пукнала по што, според изјави на очевидци, бродот се преполовил и потонал за неколку минути.

Бродот бил регистриран за 43 патници а не го во моментот на несреќата имало над 70.

Инаку како што јавија Бугарските медиуми во Охрид на аеродромот денес ќе слета претседателскиот авион на Бугарија кој ќе ги врати дома преживеаните во несреќата.

 

 НАЈГОЛЕМА БРОДСКА НЕСРЕЌА ВО МАКЕДОНИЈА ДО СЕГА

15  лица се мртви, а 53 се спасени од  туристичкиот брод ,,Илинден,, кој претпладнево потона во Охридското Езеро. 


Бродот се превртел на околу 200 метри од брегот во водите на Охридското езеро, во близина на автокампот ,,Елешец,,. Полицијата реагирала на повик од ресторанот ,,Два Бисера,, и на граѓани од плажата Лагадин. Лицата кои се извлечени живи, освен претрпениот шок, се наоѓаат во добра здравствена состојба и привремено се сместени во хотелот ,,Метропол,, . Само едно лице е хоспитализирано и е ставено под специјална медицинска нега.

Неофицијално во бродот имало 70 тина патници од кои 50 биле бугарски туристи кои патувале до ,,Свети Наум, кој заедно . МВР во моментов ги разгледува снимките донесени од Еулекс, за да се утврди бројот на патниците, дали тие се регистрирани, и дали на бродот имало повеќе патници од пропишаното.

Дознаваме дека бродот Илинден бил регистриран за превезување  на 43 патници. Очевидци од бродот Александрија велат дека прво се слушнал силен татнеж по што тендата од бродот Илинден паднала врз патниците, по што се издвоила предницата на бродот и Илинден потонал за неколку секунди. Први за помош на патниците во потонатиотд брод пристапиле лица од автокампот Елешец кој е во надлежност на Автомото друштвото Охрид, кои успеале да спасат голем дел од нив. Од полицијата велат дека е рано за какви било информации за тоа дали станува збор за несреќа или дефект на бродот, но не ја исклучуваат можноста дека бродот потонал затоа што бил преоптоварен. Охриѓани не паметат несреќа од вакви размери на охридското Езеро .

Според неофицијални информации, бродот „Илинден“ датила од 1920 или 1930 годна и бил дел од воена моранрица во времето на кралството на СХС.

potonatbrod.jpg

На местото на несреќата претпладнево беа минситерите Лазар Коњаноски,  Гордана Јанкулосска и Миле Јанакиески.

КАПЕТАНИАЈТА ВО ОХРИД ПОВТОРНО Е НЕМА

Од Капетанијата во Охрид до овој момент никој не излегол со било каква информација за оваа голема трагедија. Капетанот Љупчо Настоски е недостапен на својот мобилен телефон. Летово Охридското Езеро постојано е во центарот на вниманието на јавноста заради хаосот кој владее во пловидбата и бројните жртви кои летово настрадаа на езерската шир.

ЛОКАЛНАТА СОЧУВСТВУВА СО ЖРТВИТРЕ И ГО ПОВИКУВА МИНСТЕРСТВОТО ЗА ТЕРАНСПОРТ И ВРСКИ  ДА СТАВИ РЕД НА ЕЗЕРОТО

- Градот Охрид сочувствува со жртвите и нивните смејства, трагичен е вовој настан и Градоначалникот и Советот изразуваат сочувство со семејствата на починатит, но укажуваат и на потребата од менување на законската регулатива и преземање на поголеми заштитни мерки и дјествија од страна на надлежните ,  особено Капенијата оидносно Минситерството за транспор и врски, затоа што ова лето покажа со низа несреќни слувчаи дека за жал преугст е езерскиот сообраќај или прелабаво е однесувањето на власите и опуштеноста на учесниците. Днес е несреќан случај и сметмае дека покрај сета жалсот надлежните ќе поведат сметка за пооштурвање на регулативата - рече Никола Манески, портпарол на Општина Охрид.

img_3079.jpg

img_3081.jpg

 Дел од телата на настраданите излечени на пристаништето пред Хотел Метропол

img_3095.jpg

DSCF5061-web.jpg

DSCF5070-web.jpg

DSCF5071-web.jpg

DSCF5075-web.jpg 

Плажата кај Авто Кампт Елешец беше местото каде се вадеа телата нанастраданите.

DSCF5060-web.jpg

 Бројни новинарски екипи и граѓани стоеа на брегот додека траеше акциајта за спасување на преживеаните.

 


 

ПРВА ОБЈАВЕНА ИНФОРМАЦИЈА

Бродот Илинден утринава потона во водите на Охридското Езеро во близина на Елешец.

Како што дознаваме на бродот додека тонел на него имало и патници, туристи од Бугарија. Веднаш на бродот во помош му пристигнале бродовите Галеб и Александрија.

Ккао што дознава Мегастар од извори во полицијата има неколку мртви и повредени. Дел од мртвите сеуште се во бродот кој е целосно потонат и екипите работат на нивно извлекување од водите. Повредените  се носат во хотел Белви каде им се укажува прва помош. Истрагата е во тек.

Во Охридската Капетанија не одговараат на телефоснкитеп овици, а Капетанот Љупчо Настоски е недостапен за изјава.

Ова е последна од сериајта инциденти кои летово се случуваат на Охридското Езеро и однесоа повеќе човечки животи.

 

   

Users' Comments  
 

Average user rating

 

Display 2 of 2 comments

Ilinde

By: Windows (Guest) on 29-11-2009 18:28

Ilinde

By: Windows (Guest ) on 29-11-2009 18:28

:grin Abe brodot potona, vie za bugarite ste se fatile :p

 

» Report this comment to administrator

» Reply to this comment...

Охрид

By: Милан (Guest) on 05-09-2009 22:08

Охрид

By: Милан (Guest ) on 05-09-2009 22:08

Кај ти е Градоначалникот бе ...кај се сонча...што го штитиш ...и тој има морална одговорност...ср мота,гнасност од него...објави ако си човек

 

» Report this comment to administrator

» Reply to this comment...

» See all 1 replie(s)

Display 2 of 2 comments



Внеси коментар
Name
E-mail
Title  
 
Comment
 
Available characters: 600
   Notify me of follow-up comments
  This image contains a scrambled text, it is using a combination of colors, font size, background, angle in order to disallow computer to automate reading. You will have to reproduce it to post on my homepage
Внесете тоа што гледате:

   
   



mXcomment 1.0.7 © 2007-2010 - visualclinic.fr
License Creative Commons - Some rights reserved